Учеството на самитот на НАТО во Вашингтон на Христијан Мицкоски е прво претставување како премиер на меѓународна сцена. Односите со соседите не беа тема на самитот, но премиерите на Северна Македонија, Бугарија, и Грција јавно си разменија пораки. За НАТО, Западен Балкан е еден од регионите од стратешко значење и останува силно посветен на неговата безбедност и стабилност
Во последните три месеци од својот мандат, ексминистерот за надворешни работи распишал 16 интерни огласи. На работа во дипломатско-конзуларните претставништва, пак, испратил 14 дипломати. Во меѓувреме, неговиот наследник почна со ревизии на дипломатите и на упатувањата од Османи, кои за дел од критичарите наликуваат на „евакуација на кадри“.