World News in Macedonian
Январь
2025

Новости за 04.01.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Дипломатски судир меѓу Иран и Италија поради апсења

Иранското Министерство за надворешни работи го повика италијанскиот амбасадор поради апсењето на Мохамад Абедини, кого САД го бараат поради неговата наводна вмешаност во смртоносниот напад со беспилотно летало врз американска база во Јордан. Абедини беше приведен на аеродромот Малпенса во Милано на 16 декември 2024 година, на барање на американските власти кои го обвинија дека им пркоси на санкциите и дека пренел чувствителни делови од беспилотни летала на Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Партиски преписки околу заслугите за патот Страцин - Крива Паланка

Власта и опозицијата си разменија политички преписки за тоа чија заслуга е експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, кој беше официјално пуштен во употреба денеска (4 јануари). „Во јули 2024 година кога бев избран за директор на ЈПДП, на првата делница немаше ставено ниту еден сантиметар асфалт, а денес се фалат дека останале само завршните работи. Работите беа крајно забавени. Кога дојдов за директор на ЈПДП, за мене беше предизвик и затоа одлучив целосно да се посветам на овој проект и поставив цел да се заврши до крајот на 2024 година... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Воената хунта во Мјанмар амнестира илјадници затвореници

Воената хунта која владее со Мјанмар денеска (4 јануари) објави дека ќе помилува речиси 6.000 затвореници по повод годишнината од независноста на земјата. „Наскоро ќе бидат помилувани повеќе од 5.800 затвореници, меѓу кои околу 180 странци“, објавија воените власти, по повод одбележувањето на 4 јануари 1948 година, кога земјата стана независна од Велика Британија, пишува АФП и пренесува Бета. Помилуваните странци ќе бидат протерани од земјата, иако не се соопштува ниту причината за притворањето, ниту нивната националност. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Казни до 20.000 евра за нефер трговски практики, најави Ристески

Ако имало нефер трговски практики, Комисијата за заштита на конкуренцијата може казнува и до 20.000 евра, порача заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Казните предвидени во Законот за нефер трговски практики кој е во функција според директива на ЕУ од 28 септември, почнаа да се применуваат со почетокот на 2025 година. До крајот на 2024 процесот се следеше со мониторинг. „Комисијата ќе ги проверува сите договори склучени помеѓу производителите, добавувачите и трговците и онаму... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Медал на слободата од Бајден за Клинтон, Сорос, Меси и Боно

Поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, филантропот Џорџ Сорос и актерот и режисер Дензел Вашингтон ќе бидат едни од добитниците на највисокото цивилно признание во САД, на церемонија во Белата куќа закажана за денеска (4 јануари), објави Асошиетед прес. Претседателот Џо Бајден ќе го додели Претседателскиот медал на слободата на 19 од најпознатите имиња во политиката, спортот, забавата, граѓанските права, ЛГБТК+ застапувањето и науката. Белата куќа соопшти дека оние кои ќе го добијат принзнаието... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Брајовото писмо невидливо за македонскиот образовен систем

Брајовото писмо кое е загарантирано со сите меѓународи документи е невидливо во образовниот систем, освен во училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје. Ова го порачуваат од Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп „Менуваме“, по повод денешното одбележување на 4 јануари како меѓународен ден на Брајовото писмо и образование на лицата со попречен вид. Нивната проценка на системот, покажала дека илјадници лица не го знаат Брајовото писмо. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трамп е против знамиња на половина копје на инаугурацијата

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп на 3 јануари се спротивстави на тоа американските знамиња да бидат спуштени на половина копје на денот на неговата инаугурација на 20 јануари. Знамињата се така поставени во согласност со обичајот, во период од еден месец, во чест на починатиот поранешен претседател Џими Картер. Претседателот Џо Бајден нареди знамињата да се спуштат на половина копје 30 дена по смртта на Картер на 29 декември, како што е вообичаено кога ќе почине американски претседател. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Џонсон тесно е реизбран за претседател на Претставничкиот дом

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, беше реизбран на функцијата на 3 јануари, по долг процес на гласање, што покажа дека републиканците остануваат поделени. За време на речиси двочасовната прозивка и изјаснување на членовите на Долниот дом, се чинеше дека Џонсон нема да има мнозинство за реизбор. Меѓутоа, двајца републиканци, кои првично беа против Џонсон, сепак решија да го поддржат, по долги преговори. Џонсон на крајот беше избран со 218 гласови, што беше минимумот што требаше да го обезбеди за тоа да се случи. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Најгледаните видео приказни на РСЕ во 2024

„Обични“ луѓе со необични приказни, секојдневни предизвици и несекојдневни подвизи... Во 2024 година преку објективот на Радио Слободна Европа раскажавме бројни видео приказни. Во овој кус преглед, издвојуваме дел од оние кои добија најголемо внимание од публиката.