World News in Macedonian
Январь
2025

Новости за 05.01.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Над 100 загинати во борби на протурските и курдските сили во Сирија

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија денеска (5 јануари) објави дека повеќе од 100 борци се убиени во изминатите два дена во северна Сирија, во борби меѓу групите поддржани од Турција и силите на сириските Курди. Од петокот вечерта, во судирите во неколку села околу градот Манбиџ загинаа 101 лице, вклучително и 85 членови на протурски групи и 16 членови на Сириските демократски сили (СДФ), во кои доминираат Курдите, наведува организацијата која ја следи граѓанската војна во Сирија. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Уапсен ерменски генерал среде тековните политички судири

Поранешниот заменик началник на Генералштабот на вооружените сили на Ерменија е уапсен под обвинение за небрежност во врска со војната во Нагорно-Карабах во 2020 година, во услови на тековни политички тензии во кавкаската земја. Генерал-полковник Тиран Хачатријан беше уапсен на 4 јануари и ќе биде приведен додека го чека судењето. Државните обвинители тврдат дека тој не ги извршил своите службени должности за време на 44-дневната војна меѓу Ерменија и Азербејџан во 2020 година. Тој ги отфрли обвинувањата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Почина Костас Симитис, поранешниот грчки премиер кој ја внесе Грција во еврозоната

На 88-годишна возраст утрово (5 јануари) ненадејно почина поранешниот премиер на Грција и поранешен лидер на ПАСОК, Костас Симитис. Тој за време на неговите два мандати ја внесе земјата во еврозоната. Воедно беше и првиот грчки премиер што во 2000 година го посети Скопје за Конференцијата на балканските земји, јавува новинската агенција МИА. Беше премиер од 1996 до 2004 година, а неговите два мандати се поврзани и со големите инфраструктурни проекти за подготовка на Олимписките игри во Атина во 2004 година... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Гостиварец осомничен за силување на 13-годишно девојче

Дваесетидвегодишник од Гостивар е осомничен за кривично дело - силување на дете кое не наполнило 15 години, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ). Основното јавно обвинителство Гостивар, како што се наведува, повело истрага поради основано сомнение дека осомничениот на 2 јануари принудил на сексуален однос 13-годишно девојче. „Со жртвата се запознале преку апликацијата ‘Снеп-чет' и започнале да контактираат и да се гледаат. Кога девојчето не сакало повеќе да излегува со него... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Хилари Клинтон, Џорџ Сорос и Дензел Вашингтон добија претседателски медали на слободата

Хилари Клинтон, Џорџ Сорос и Дензел Вашингтон се меѓу добитниците на највисоката цивилна награда во САД - Претседателскиот медал на слободата. Американскиот претседател Џо Бајден ја додели наградата во Белата куќа на 19 од најистакнатите личности од областа на политиката, спортот, забавата, човековите права, застапувањето на ЛГБТК+ правата и науката. „За последен пат како претседател, ја имам честа да го доделам Медалот на слободата, највисоката цивилна чест на нашата нација, на група извонредни, навистина извонредни луѓе“, рече Бајден. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Ден на жалост во Србија поради масовното убиство во Цетиње

На територијата на Србија, денеска (5 јануари) е Ден на жалост поради масовното убиство во Цетиње, Црна Гора, што се случи во средата на 1 јануари. Ден на жалост прогласи Владата на Србија на седницата одржана во саботата. Ацо Мартиновиќ од Цетиње на 1 јануари пукал и убил 12 лица, а потоа се самоубил. Меѓу убиените има и две момчиња на возраст од 13 и 8 години. Во Клиничкиот центар во Подгорица се лекуваат четири лица. Граѓаните на повеќе градови во Србија запалија свеќи за загинатите во Цетиње... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сончево време со мала до умерена облачност

Утрото е студено со наместа ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени, а во Скопје, до максимални 6 степени. Според УХМР, утрово најниска температура во земјава од -11 степени Целзиусови е измерена на Попова Шапка. Висината на снежната покривка измерена во 7 часот е 52 см на Попова Шапка и 44 см во Маврови Анови.

SlobodnaEvropa.mk 

Бужаровска: Грчки студенти застанаа во наша одбрана

Атмосферата беше прекрасна, се зборуваше, се читаше на македонски и на грчки јазик додека надвор не чуваа грчки студенти, вели писателката Румена Бужаровска во интервју за Слободна Европа. Настанот на Универзитет во Солун бил под ризик да не се одржи поради заплашувања од ултра десничарски групи.

SlobodnaEvropa.mk 

Бужаровска: Писателите од Западниот Балкан се панкери за тие од Западот

Во земјава не може да се живее од творештво, за да успее еден писател, потребно е да работи неколку други работи, вели писателката и професорка Румена Бужаровска. Таа додава дека авторите од Западен Балкан кога се пробиваат на западниот пазар го имаат статусот на панкери во творештвото.