World News in Macedonian
Январь
2025

Новости за 09.01.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Одбележан неуставниот Ден на Република Српска и покрај предупредувањата од ЕУ и САД

Со парада на улиците на Бања Лука денеска (9 јануари) беше одбележан Денот на Република Српска, кој Уставниот суд на Босна и Херцеговина три пати го прогласи за неуставен. Од Обвинителството на Босна и Херцеговина не одговорија на прашањето на Радио Слободна Европа дали е покрената истрага во врска со овогодинешното одбележување, ниту дали нешто било преземено во врска со ова прашање минатата година, кога, како што се наведува, ги следеле активностите на 9 јануари. На парадата присуствуваа, меѓу другите... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Највисокиот суд во Њујорк одби да ја блокира пресудата за Трамп во случајот со тајните плаќања

Највисокиот суд во Њујорк денеска (9 јануари) го отфрли барањето на Доналд Трамп за суспендирање на неговата пресуда по кривични обвиненија за тајни исплати на порно ѕвезди. Со ова, на новоизбраниот претседател, Врховниот суд на САД му останува последна опција која може да го спречи утрешното рочиште. Еден од судиите во Апелациониот суд во Њујорк издаде налог со кој одби да му дозволи сослушување на правниот тим на Трамп. Трамп побара од Врховниот суд да ја поништи казната, која се очекува да биде изречена утре (10 јануари). Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Тринаесетта жртва на масакрот во Цетиње

Еден од четворицата тешко ранети во масакрот во Цетиње, Дејан Кокотовиќ, почина денеска (9 јануари) во Клиничкиот центар во Црна Гора. На 1 јануари, по крвавиот упад во Цетиње во кој Ацо Мартиновиќ уби 12 лица, тој беше примен во Клиничкиот центар каде лекарите се бореа за неговиот живот. Од таа здравствена установа на 6 јануари соопштија дека тројца пациенти успешно закрепнуваат, а пациентот кој бил во критична состојба покажува знаци на опоравување. Осомничениот за повеќекратно убиство во... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Што покажа вештачењето за уривањето на настрешницата во Нови Сад

Два фактора од конструкциски аспект доведоа до уривање на настрешницата на неодамна реконструираната зграда на Железничката станица во Нови Сад, се вели во анализата на тим вештаци, која заедно со друга документација е објавена на веб-страницата на Вишото Јавно Обвинителството во Нови Сад, на крајот на 2024 година. Во анализата на тимот вештаци од Факултетот за технички науки во Нови Сад, се наведува дека до уривање на настрешницата довело намалувањето на носивоста на затегите поради корозија на... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Јаневска: Мора да се запре со нарачаните магистерски и докторски трудови

Појавата на нарачана изработка на магистерски и докторски трудови мора да запре, порачува Министерката за образование, Весна Јаневска. Според неа, Министерството веќе работи на воведување стандарди и мониторинг во високото образование. „Веќе е јавна тајна во Македонија дека се случуваат вакви неправилности. Она што го правиме секојдневно според можностите кои ни ги дава законот и според човечките капацитети кои ни се на располагање, е да сме присутни во сите високообразовни институции и научни институции. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Командантот на либанската армија избран за претседател на земјата

Либанскиот парламент денеска (9 јануари) го избра армискиот командант Џозеф Аун за претседател на земјата, откако местото беше празно повеќе од две години поради неможноста за договор. Изборот на Аун, за што има одобрение од САД, го покажува намаленото влијание на Хезболах поддржан од Иран по разорната војна на либанската милитантна група со Израел. Хезболах е на американската листа на терористички организации, додека само неговото вооружено крило е на црната листа на ЕУ, но не и политичката партија која има места во либанскиот парламент. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Таравари: Нема лекарска грешка во врска со смртта на седуммесечното бебе

Нема лекарска грешка според извештајот во врска со седуммесечното бебе кое почина на детската клиника во Скопје, изјави денеска (9 јануари), министерот за здравство Арбен Таравари. „За среќа, професионалците констатираа дека докторите немаат никаква грешка“, рече Таравари на денешната прес-конференција. На прашањето каде бил проблемот за смртта на седуммесечното бебе, Таравари одговори дека најверојатно бебето е донесено подоцна на Клиниката. „Можеби болеста си го направила своето, можеби подоцна е донесено детето. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

По 12 неуспешни обиди, Либан близу до избор на претседател

Либанскиот парламент се очекува денеска (9 јануари) да го избере генералот Џозеф Аун за нов претседател на државата, по повеќе од две години политички застој. Аун (60), кој е врховен командант на либанската армија, е фаворит за функцијата. Неговото именување би помогнало во надгледувањето на примирјето на југот на Либан, каде конфликтите со Израел оставија голема штета. Либан нема претседател од октомври 2022 година, кога истече мандатот на Мишел Аун. Дванаесет претходни обиди за избор... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот шеф на дипломатијата предупредува на дестабилизирачка реторика на Трамп

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами денеска (9 јануари) изјави дека е уверен дека повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, го признава Гренланд како дел од Кралството Данска, но сепак предупреди дека неговата реторика може да биде дестабилизирачка. „Знаеме од првиот мандат на Доналд Трамп дека длабочината на неговата реторика и понекогаш непредвидливоста на тоа што го изјавува можат да бидат дестабилизирачки“, рече Лами во интервју за Би-Би-Си радио, одговарајќи на... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Тендери без критериуми во Државна лотарија во времето на Перпарим Бајрами

Вкупно 11 од 12 анализирани тендери за промоција и маркетинг на Државна лотарија во времето на екс директорот Перпарим Бајрами се спроведени со прекршувања на Законот за јавни набавки. Ова го утврдил експерт ангажиран од Антикорупциска кој ги анализирал спроведените тендери.

SlobodnaEvropa.mk 

Пожарите во Лос Анџелес се проширија и во Холивуд

Големите шумски пожари кои го опкружуваат Лос Анџелес, Калифорнија, се проширија на Холивуд Хилс, откако во другите пожари во областа загинаа најмалку пет лица, беа уништени стотици домови и исцрпени ресурсите за гасење пожари и залихите на вода. Повеќе од 137 000 луѓе се евакуирани бидејќи сувите ветрови ги отежнуваат операциите за гаснење на пожарите и шумските пожари кои беснеат речиси непречено од вторникот во областите погодени од суша, пренесува Ројтерс. Нов пожар избувна во Холивуд Хилс во средата вечерта (8 јануари)... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Итни мерки за загадувањето има, но треба желба

Скопје речиси секојдневно е на врвот најзагадени градови во Европа и светот, секоја зима од година во година. Стратегии и планови постојано се слушаат. Што може да се преземе итно и да донесе некакво подобрување со воздухот, разговараме со Горјан Јовановски, активист и независен советник во Град Скопје од иницијативата Зелен Хуман Град.

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ реагира на учеството на српски официјални претставници на неуставниот Ден на Република Српска

Европската Унија и порачува на Србија дека очекува од оваа земја да биде подеднакво посветена на европската перспектива на Босна и Херцеговина, како единствена, обединета и суверена земја како и сите други меѓународни партнери. По повод учеството на претставници на државните институции на Србија на одбележувањето на неуставниот ден на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска (РС), од Брисел велат дека регионалната соработка и добрососедските односи се суштински дел од напредокот на патот кон европската интеграција. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Тројца израелски војници загинале, а тројца биле ранети во Појасот Газа

Израелската војска соопшти дека тројца израелски војници загинале, а тројца се ранети во борбите во северниот дел на Појасот Газа. Според првичната истрага на Израелските одбранбени сили (ИДФ), војниците биле погодени од голема експлозивна направа која експлодирала во тенк за време на операциите во Беит Ханун. Според официјални извори, уште тројца израелски војници загинале, а неколку биле ранети во одвоени борби во изминатите два дена, а Израел загубил 401 војник во досегашната копнена офанзива против Хамас во Појасот Газа. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Бугарската Агенција за патишта делумно виновна за автобуската несреќа на „Беса транс“

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пресуди Окружниот суд во Перник. Според судот, АПИ е одговорна за 10% од настанатата штета и треба да и се наложи на секој од тужителите да им плати по 20 000 лева како надомест за нематеријална штета. Исто така, се признаваат околностите дека за предметната делница не е донесен акт 16 за автопат и затоа има статус на експресен пат... Читать дальше...