World News in Macedonian
Февраль
2025

Новости за 14.02.2025

SlobodnaEvropa.mk 

Венс ја предупреди Европа за слободниот говор и „непроверената“ имиграција

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, на Минхенската безбедносна конференција се осврна на тоа што тој го претстави како „повлекување на Европа од некои од нејзините најфундаментални вредности“. Германскиот министер за одбрана Борис Писториус и шефицата за надворешна политика на Европската унија, Каја Калас, ги отфрлија критиките од Венс.

SlobodnaEvropa.mk 

Османи и Курти на одделни средби со Соренсен за дијалогот Косово - Србија

Претседателката на Косово, Вјоса Османи и премиерот Албин Курти се сретнаа одделно со Питер Соренсен, новиот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот Косово-Србија за да разговараат за овој процес. Оваа прва средба беше на маргините на Минхенската безбедносна конференција, која почна на 14 февруари во хотелот „Бајеришер Хоф “ во Минхен, Германија и ќе трае три дена.  „Ќе продолжиме да работиме со нашите сојузници за да го завршиме овој процес со взаемно признавање и заштита на суверенитетот... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Трговците предлагаат пониски цени на 100 до 200 производи наместо ограничена маржа

Да се состави листа од 100 до 200 производи кои граѓаните секојдневно ги купуваат и тие реално да поевтинат наместо да се ограничи бруто-профитната маржа на 10 отсто како што предложи Владата, побараа трговците и дистрибутерите на средбата со министерот за економија на 14 февруари. Од Министерството за економија соопштија дека конечна одлука ќе се донесе следната недела.  Даница Блажевска, претставник од Комората на трговци, изјави дека е подобро заедно со производителите и добавувачите да направат... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Уапсени 13 лица поради нелегално фрлање 35.000 тони опасен отпад во Хрватска

Хрватската канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) потврди дека отворила истрага за бизнисменот Јосип Шинцек од Вараждин и за уште девет други осомничени лица за тешки еколошки злосторства, откако беа уапсени на 13 февруари. Агенцијата за соработка за спроведување на законот (Европол) на Европската унија (ЕУ), пак, на 14 февруари објави дека хрватската полиција уапсила 13 лица во врска со овие кривични дела. „Криминалците заработиле најмалку четири милиони евра... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Хамас ќе ослободи уште тројца заложници во замена за палестински затвореници

Палестинската милитантна група Хамас ги објави имињата на тројца заложници за кои се очекува да бидат ослободени во сабота, 15 февруари, откако поминаа 498 дена во заробеништво на Хамас, јави агенцијата АП. Форумот на семејства на заложниците дека станува збор за Иер Хорн (46), Сагуи Декел Чен (36) и Саша Труфанов (29).  Претходно, Хамас, која САД и Европската Унија ја сметаат за терористичка организација, соопшти дека викендов ќе ги ослободи следните тројца израелски заложници, во замена за палестински затвореници. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Саудиска Арабија ја поздрави идејата за средба меѓу Трамп и Путин во Ријад

Саудиска Арабија ја поздрави идејата американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат во кралството, јави агенцијата Ројтерс.  Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека би можело да поминат неколку месеци пред да се  договори средба меѓу Путин и Трамп, веројатно во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.  Трамп и Путин разговараа во средата и ја објавија својата намера да се сретнат лице в лице. Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за правда до Владата достави допис за разрешување на обвинителот Коцевски

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од  50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11 февруари годинава презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот на Република Северна Македонија. „Во изминатиот период бевме сведоци  на низа скандали, нарушена функционалност на Јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Лекот „клексан“ ќе се подигнува со рецепт во аптека

Наместо да се бара рефундација, антикоагулансот „клексан“ ќе може да се подигне на рецепт во аптеките, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. „Прв приоритет ни е префрлањето на антикоагулансите, особено „клексан“, кој веќе е на болничката листа. Наместо пациентите да чекаат рефундација, ќе можат директно да го подигнат на рецепт. Очекуваме штом Комисијата почне со работа и правилниците бидат усогласени, оваа промена да стане реалност“, рече Клековски. Како што посочи Клековски... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Германското обвинителство: Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен

Авганистанскиот државјанин призна дека намерно влетал со автомобил меѓу демонстрантите во Минхен, а властите утврдиле дека злосторството имало исламистичка позадина, соопшти денеска (14 феврауари) германското обвинителство.  Во инцидентот се повредени најмалку 36 лица, вклучително и едно дете. „Тој призна дека намерно влетал меѓу демонстрантите. Внимателна сум со донесувањето избрзани заклучоци, но врз основа на сите информации што ги имам досега, можам да кажам дека злосторството имало исламистички мотив“... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Сколиоза и деформитети на стапалата - сѐ почеста дијагноза кај учениците

Сколиозата како деформација на 'рбетот е најчестa патолошка состојба меѓу македонските ученици, покажале ланските систематски прегледи. Лошото седење, тврдите подлоги, несоодветни обувки, како долгите часови на компјутер - главни проблеми. Студентите лани воопшто не биле на систематски прегледи.

SlobodnaEvropa.mk 

Сто отсто зголемен бројот на хрватски доброволци за служење воен рок

Минатата година бројот на доброволци за служење воен рок во Хрватска е зголемен за 100 отсто во однос на претходната 2023 година, а од годинава на воена обука пристигнале речиси 300, соопшти денеска (14 феврауари)Министерството за одбрана. Од 298 волонтери, 254 се момчиња, а 44 се девојки, а меѓу нив, како што се наведува, има и шест врвни спортисти, кои ќе поминат низ скратена програма за обука прилагодена на нивните професионални обврски. Тие обуката ја започнаа во армискиот центар во Пожега... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

До крајот на годината вработување за 600 специјализанти и 1180 средномедицински персонал

Дваесетте јавни здравстени установи кои веќе имаат изготвено нови систематизации, може веднаш да ги вработуваат планираните 300 приватни специјализанти од првата група, меѓу кои најзастапени се гинеколози и кардиолози, изјави денеска (14 феврауари) министерот за здравство Арбен Таравари. По посетата на реновираниот педијатриски пункт на поликлиниката Бит Пазар, Таравари, одговорајќи на новинарски прашања, соопшти дека само во скопските јавни здравствени установи ќе бидат вработени околу 30 специјализанти гинеколози. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Охридската пастрмка „под опсада“ меѓу концесиите за улов и борбата за опстанок

Државен амин за риболов во Охридското езеро и покрај препораките од УНЕСКО за забрана. Риболовците и екологистите се противат на доделувањето концесии за стопански риболов, тврдејќи дека фондот на пастрмката и белвицата во езерото е значително намален. Меѓу потенцијалните концесионери се и новоотворени компании во тек на огласот, но и фирма чиј сопственичка била донатор на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2024 година.

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ: Реципрочните тарифи на Трамп се „во погрешна насока“

Европската комисија во петокот ги критикуваше плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување реципрочни царини за стоки од земји со кои Вашингтон има висок трговски дефицит, пренесува ДПА. „Европската комисија ја смета предложената „реципрочна“ трговска политика на претседателот Трамп како чекор во погрешна насока“, се наведува во соопштението на комисијата. Според висок претставник на администрацијата на Трамп, новите царини нема да стапат на сила веднаш. Наместо тоа, релевантните... Читать дальше...