Велика Британија го замрзна безбедносниот дијалог со Грузија
Велика Британија го замрзна годишниот безбедносен дијалог со Грузија и ги откажа другите разговори за одбраната поради загриженоста за повлекување од демократските стандарди во кавкаската земја, соопшти амбасадорот на Лондон во Тбилиси за грузиските медиуми.
„Очекував да работиме заедно за да ја зајакнеме отпорноста на Грузија и нашата заедничка благосостојба, но во текот на изминатата година грузиската влада избра поинаков пат“, изјави амбасадорот Герет Вард.
Постапките на грузискиот кабинет ја поттикнаа Британија да изрази „загриженост за падот на демократијата и антизападната реторика“, додаде тој.
Последните потези на грузиската влада како што беа усвојувањето закони за „странски агенти“ и анти „ЛГБТ-и законите“ предизвикаа незадоволство кај западните земји, а од ЕУ јасно порачаа дека овие чекори ја оддалечуваат Грузија од членство во Европската Унија.