World News in Macedonian

Општините издале дозвола за изградба на нови 913 станови

Само во текот на октомври, општините издале 216 одобренија за изградба на згради. Вкупниот број на издадени дозвли за градба изнесува 363, во проценета вредност од 137,7 милиони евра.


Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во однос на октомври минатата година, е забележан раст од 11 проценти на издадените дозволи за градба.


Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 216 се наменети за објекти од високоградба, 75  за објекти од нискоградба и 72 за објекти за реконструкција.


Според податоците од Државниот завод за статистика, за изградбата на 363 објекти, како физички лица инвестиртори се јавуваат 223, додека за останатите 140 објекти инвеститори

се деловни субјекти.




Во извештајниот период е предвидена изградба на 913 станови, со вкупна корисна површина од 81 247 м2. Од почетокот на годинава заклучно со октомври општините издале на 3 илјади дозволи за градби на објекти. 


Рекорден по издадени одобренија за градба годинава е Гази Баба, додека по број на станови Аеродром. Последниот попис покажа дека една третина од становите во државата се празни. 

Читайте на 123ru.net