Сиљановска Давкова: Партиските лидери да се воздржат од коментари за Уставниот суд
Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова смета дека партиските лидери треба да се воздржат од коментари во пресрет на очекуваната одлука на Уставниот суд за прашањето околу уставноста на законот за јазиците. Уставниот суд за утре ја закажа седницата на која ќе расправа по Законот за употреба на јазиците.
„ Како партиски, како лични, како субјективни одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и лидерите на партиите и политичарите треба да се воздржат од коментар. Најмалку е што можат да сторат е да го остават Уставниот суд да си работи согласно Уставот и Деловникот“, рече Сиљановска Давкова.
Оваа изјава на Давкова доаѓа по изјавите на лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети кој побара од Уставниот суд да да ги отфрли поднесените 13 иницијативи за оспорување одредби во Законот за употреба на јазиците.
„На 11 декември, ние бараме Уставниот суд, ако е навистина Уставен суд кој дели правда, ако е суд кој размислува за демократија во државава, за мир и стабилност, а не е суд кој става бензин врз огнот, да ги отфрли сите 13 иницијативи, да нѐ остави на раат да си одиме дома. Нема да има мир ако не биде така... Далеку рацете од промената на Законот за јазиците. Ако сте добри и визионерски политичари, вие ќе го унапредевте јазикот, а не да го укинувате... Ние сакаме мир, ние сакаме демократија, ние сакаме слобода. Ја сакаме за сите. Сакаме нашата земја да биде секогаш напредна и што е можно поблиску до Европската Унија“, изјави Ахмети на 9 декември на собирот каде што присуствуваа лидери на партиите кои се дел од коалицијата Европски фронт што ја предводи ДУИ.
Според ДУИ укинување на која било одредба од Законот за употреба на јазиците не е само правен чин, туку директен удар врз стабилноста и мирот на државата. Во обраќањето пред насобрани партиски членови и симпатизери, лидерот на ДУИ му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски од кого, како што рече, очекувал да излезе и да каже дека е за соживот, дека го почитува албанскиот народ и да го унапреди албанскиот јазик и во меѓународна употреба.
Премиерот Христијан Мицкоски на 10 декември изјави дека на раководството на ДУИ му е јасно како функционира судот за кои сам учествувал во изборот на уставните судии.
„Што беше нивната цел? Нивната цел беше сега како политички глодари да начекаат, да видат дека еве сега знаеме како идат процедурите ние ќе правиме политички притисок и кога нема ништо утре да се случи да излезат во јавноста нормално, тоа може само политички глодари да го прават, да излезат и да кажат еве поради тоа што ние правевме притисок се одложи сето ова. Не функционираат така работите, а на нив им е многу јасно како функционираат работите, “ изјави Мицкоски.
Тој упати апел до граѓаните да останат смирени и дека како што вели, целата работа е под контрола.
„Венецијанската комисија беше таа која што рече дека тие 3 члена од законот се неуставни, а ставот на партијата го знаете. Многупати сме го кажале и нема да го повторувам“, додаде Мицкоски.
Уставниот суд утре ќе дискутура за 13 те иницијативи за Законот за јазиците
Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, оформен е во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија.
Подносители на иницијативите за оспорување на одредби од Законот за употреба на јазиците се партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица, Здружението „Светски македонски конгрес“, Солза Грчева, Тања Каракамишева Јовановска, Јове Кекеновски, како и Васко Лазескии, Ивана Митевска, Томе Тодоровски, Клементина Брзановска и Владимир Стефановски.
Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски во интервју за МИА рече дека со Законот за јазиците политиката создаде своевиден правен хаос, кој резултира со политички хаос, недоверба и дилеми.
„Јавноста веќе го виде и извештајот на Венецијанската комисија. Уставниот суд е на потег, не за мудра, туку да донесе уставно-правно втемелена и аргументирана одлука. Што би можело да се одлучи, не знам и не можам да знам и нема да коментирам“, рече Костадиновски.