Техеран: Околу 4.000 Иранци се вратиле од Сирија по падот на Асад
Околу 4 илјади ирански граѓани пристихнале во Техеран од Сирија по соборувањето на сирискиот претседател Башар Ал Асад, додека буновниците го зазедоа Дамаск.
„Во текот на изминатите три дена, 4.000 ирански граѓани беа вратени во Иран“, изјави портпаролка на иранската влада, Фатемех Мохаџерани, на прес-конференција во главниот град.
Според официјалните податоци, во Сирија во последните години живееле околу 10.000 ирански граѓани.
Иранската револуционерна гарда испрати „воени советници“ во Сирија за да му помогнат на Асад за време на граѓанската војна што изби во 2011 година.
Сирија и Иран уживаа долгогодишни пријателски врски благодарение на зближувањето на Хафез ал-Асад, таткото на Башар, во 1970-тите, пред иранската исламска револуција во 1979 година. Соборувањето на Асад од страна на бунтовниците предводени од исламистите, сепак, ги остава тие врски во прашање.
Во неделата, додека бунтовниците навлегоа во Дамаск, иранската амбасада во главниот град беше ограбена од поединци.