Мицкоски: Ковачевски подолго време не e во државата
Поранешниот генерален директор на ЕСМ Васко Ковачевски не е во државата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ковачевски е еден од осомничените по кои трага полицијата во денешната акција на Министерството за внатрешни работи (МВР) и Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција ( ОЈО-ГОКК). Станува збор за истрага поврзана со јавни набавки и снабдување со адитиви за РЕК Битила и ТЕЦ Осломеј.
„Не е во државата подолго време но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата“, одговори кусо Мицкоски на новинарско прашање на прес конференција.
Мицкоски посочи дека станува збор за осомничени за кои постои основано сомнение дека направиле криминал во вредност од 6,5 милиони евра. Таквото тврдење Мицкоски вели дека го базира на инфомациите кои ги добил од Министерорт за внатрешни работи Панче Тошкоски и директорот на Бирото за јавна безбедност Алексанадар Јанев.
Како што истакна премиерот, станува збор за добро организирана група на високи претставници на компанијата и управители на фирми.
„Пронајдени се многу докази, но тоа ќе го оставам на обвинителството, понатаму на судовите, ние мораме да веруваме на пресумпцијата на невиност, но тоа што е најдено навистина е загрижувачки“, рече Мицкоски.
Најмалку десетина луѓе се уапсени поврзани со РЕК Битола, ТЕЦ Осломеј и на ТЕЦ Неготино при денешната акција на Министерството за внатрешни работи. Во соопштението од МВР е наведено дека во тек е полициска акција и дека по завршувањето на истатата ќе бидат соопштени детали. Истрагата ја водат двајца обвинители од Обвинителството за борба против организиран криминал.
Истрагата опфаќа 25 субјекти од кои 23 се физички лица, а две се правни лица, јавуваат дел од медиумите. Акцијата се спроведува во неколку градови, вклучувајќи Битола, Велес, Кичево и Скопје.
Осомничени се дел од поранешни директори на ЕСМ и РЕК Битола. Меѓу осомничените се Васко Ковачевски, како поранешен генерален директор на ЕСМ, потоа Васко Стефанов, неговиот наследник и Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК Битола, јавува Телма.
На оваа истрага и претходеше јавна критика од актуелната власт за лошото менаџирање со ЕСМ и сомнежи за криминал во јавните набавки.