Претрес во канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја
Јужнокорејската полиција изврши претрес во канцеларијата на претседателот Јун Сук Јеол, изјави денеска официјален претставник за безбедност, во проширената истрага по неуспешниот обид на претседателот да воведе воена состојба.
Во меѓувреме, поранешниот министер за одбрана и близок соработник на Јун, Ким Јонг-Хјун, се обидел да се самоубие во притворниот центар каде што е задржан по неговото апсење, изјави претставник на Министерството за правда на парламентарното сослушување.
Претседателскиот безбедносен претставник потврди за Ројтерс дека полицијата ја пребарала канцеларијата на Јун.
Претресот означува драматична ескалација на истрагата против Јун и највисоките полициски и воени функционери поради ненадејното прогласување воена состојба на 3 декември.
Јун не беше во претседателската канцеларија за време на претресот. Неговата официјална резиденција е на посебна локација, а Јун не е виден во јавноста откако во саботата се извини за обидот да воведе воена состојба.
Јун сега е под кривична истрага под обвинение за бунт и му е забрането да ја напушта земјата, но властите не го уапсија ниту го испрашаа.