Тендерската (не)правда на проверка само ако некој се жали
Јавните набавки кои годишно тежат и до 1,5 милијарди евра ќе поминуваат без можност за контрола во тендерскиот процес ако пратениците ги изгласаат измените на законот за јавни набавки по скратена постапка, предупредуваат невладините. Опозициската СДСМ бара јавна дебата, за власта, тие ќе ги поедностават процедурите.