Иран под зголемен надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија
Иранските власти соопштија дека нејзините нуклеарни постројки ќе бидат под зголемена контрола од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), бидејќи европските земји се заканија дека повторно ќе воведат санкции кон Техеран.
Кон крајот на ноември, Иран објави пуштање во употреба на нови центрифуги за својата нуклеарна програма, како одговор на резолуцијата на МААЕ во која се обвинува Техеран за недостиг на соработка по ова прашање што ги загрозува неговите односи со западните земји.
„Ги зголемивме нашите (нуклеарни) капацитети и природно е да се зголемува бројот на инспекции“, рече шефот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Мохамад Еслами, пренесе ИРНА.
МААЕ во петокот објави дека Иран се согласил на зголемен мониторинг, пренесува АФП.
На почетокот на декември, Техеран објави дека ќе започне со напојување на нови центрифуги на локацијата Фордо (во централниот дел на Иран), „со долгорочен ефект на значително зголемување на стапката на производство на збогатен ураниум до 60 проценти“ , соопшти агенцијата МААЕ.
Во 2015 година, во Виена, Иран склучи договор со Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Русија и САД за регулирање на нуклеарната програма. За возврат, текстот предвидуваше намалување на меѓународните санкции против Техеран.
Сепак, во 2018 година, Доналд Трамп, тогашниот претседател на САД, еднострано ја повлече својата земја од договорот и повторно воведе тешки санкции кон Иран.
Како одговор, Техеран ги зголеми резервите на збогатен ураниум на 60 отсто, додека 90 отсто се потребни за производство на атомско оружје.
Иран го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергетски цели, негирајќи дека сака да набави атомска бомба, но западните земји се сомневаат во тоа.