Албанскиот амбасадор со став: Aлбанскиот јазик не е работа на судовите
Албанскиот амбасадор во Скопје Денион Меидани го повторни ставот на официјална Тирана за прашањето за албанскиот јазик, за кое се очекува одлука на Уставниот суд, објавија медиумите.
Меидани пишува дека албанскиот јазик не е работа на судовите, затоа албанскиот идентитет не смее да се допре.
„Ги ценам вашите пораки на социјалните мрежи и одговорно ја следам ситуацијата. Сакам да повторам дека официјална Тирана јасно го искажа својот став од Палатата на бригадите: Албанскиот јазик не е работа на судови и законски формулации, напишал Меидани на социјалните мрежи.
Тоа е всушност изјавата на премиерот Еди Рама кој меѓу другото од дебатата во Тирана, организирана од фондацијата „Арбр Џафери" порача дека „албанскиот јазик во Северна Македонија не е прашање на Уставниот суд".
„Кој има очи, чита. Кој има уши, слуша. Пораката е јасна и непроменлива: нашиот национален идентитет и симболи се неприкосновени, посочува Меидани.
Законот за употреба на јазиците, по пет години откако стапи во сила, беше прва точка на дневниот ред на седницата на Уставниот суд која се одржа на 11 декември 2024 година.
Дискусија имаше, но за одлука дали целиот Закон или делови од него се уставни или неуставни и ќе се укинат, ќе се почека неколку месеци.
Со пет гласа „за“ и еден „против“ Уставниот суд одлучи прво да одржи подготвителна седница на која ќе бидат повикани странки - и оние што го оспоруваат Законот и оние што го поддржуваат, но пред се експерти. Откако уставните судии ќе ги слушнат мислењата, ќе го стават Законот на дневен ред па ќе одлучуваат.
Законот пред Уставен беше оспорен со вкупно 12 иницијативи, поднесени од граѓани, адвокати, универзитетски професори, но и две политички партии - владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската Левица. Сите иницијативи Уставен ги спои во еден предмет.
Членови и актуелни и поранешни фунцкионери на опозициската ДУИ, заедно со партискиот лидер Али Ахмети, ја дочекаа седницата насобрани пред влезот на судот. Од утринските часови, од поставеното озвучување ечеше албанска музика, која допираше и до салата каде заседаваа уставните судии.
Двајцата судии Албанци во актуелниот состав на Уставен, Осман Кадриу и Насер Ајдари, како што беше најавено, воопшто не присуствуваа на седницата.
Судијата Фатмир Скендер, кој е од турска националност, пак, ја напушти дебата за оваа точка откако не му беше прифатен предлогот таа да се тргне од дневниот ред за денешната седница.