РКЕ загрижена што техничката Влада одлучи ЕСМ да му продава помалку струја на ЕВН за повисока цена
Енергетската криза се стабилизира, но техничката Влада одлучи државниот производител ЕСМ да му продава помала количина на струја на ЕВН Хоум, но за повисока цена. Со тоа може да пораснат и сметките за струја за домаќинствата, велат експерти. РКЕ следната недела ќе одреди каква ќе биде новата цена на струјата.