18 февраля 2025 года
Февраль
2025
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28

Все новости

SlobodnaEvropa.mk 

Протести за правосуден систем што ќе донесе правдина и одговорност

По трагичната смрт на Фросина Кулакова, која беше прегазена на пешачки премин, граѓаните се обединуваат во борба за правда и безбедни улици, а протестите станаа глас на семејствата на сите жртви. Граѓанското движење “Кој е следен“ најавува и барање за конкретни реформи во правосудството.

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителката Крстевска Цалева бара да не биде шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје

Советот на јавни обвинители на следната седница ќе одлучува по барањето на јавната обвинителка Наташа Крстевска Цалева да биде ослободена од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, додека трае оддалечувањето од функција на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи. Претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска, на денешната седница, информира дека во текот на вчерашниот ден (17 февруари) до Советот е поднесена молба или барање од страна на обвинителката Наташа Крстевска Цалева. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Блокади и пролонгирање за избор на нов состав на АВМУ

Минатата недела пратениците не ги изгласаа новите предложени членови за АВМУ. Причината беше тоа што во пленарната сала не можеше да се обезбеди потребното мнозинство. И додека новинарскиот еснаф реагира дека процесот е фарса и политички обоен, партиите тврдат дека кандидатите се професионалци.

SlobodnaEvropa.mk 

Израел потврди дека војниците ќе останат на „пет позиции“ во јужен Либан

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац потврди дека војниците ќе останат на пет позиции во јужен Либан по истекот на крајниот рок за повлекување. Тој вети дека ќе биде преземена акција против секое прекршување на примирјето од страна на милитантната група Хезболах. Израелската војска „ќе остане во тампон зона во Либан со пет контролни позиции и ќе продолжи да дејствува силно и бескомпромисно против секое прекршување на Хезболах“, рече Кац кратко по истекот на продолжениот рок за повлекување на Израел од Либан... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Инаугурација на хрватскиот претседател Милановиќ за втор мандат

Претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ денеска (18 февруари) ќе положи заклетва за својот втор петгодишен мандат. На инаугурацијата во Претседателската палата на Пантовчак ќе присуствуваат околу сто гости, меѓу кои и четворица потпретседатели на Саборот, но никој од Владата. Милановиќ повторно беше избран за претседател на 12 јануари, кога во вториот круг го победи својот противкандидат Драган Приморац, поддржан од ХДЗ. Инаугурацијата, која ќе започне на пладне, ќе ја следат поранешни претседатели на државата... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Осумнаесет повредени кога се превртел авион при слетувањето во Торонто

Службите за итни случаи го истражуваат инцидентот на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто, Канада, кој се случил за време на слетувањето на авион на „Делта ерлајнс“ кој доаѓал од Минеаполис. Сите 80 патници и членови на екипажот во авионот, кој летал од Минеаполис, ја преживеале несреќата, но се уште не е јасно како се превртел авионот. Патниците, кои носеле појаси, останале да висат на седиштата. Регионалната болница во Торонто Пил соопшти дека во инцидентот биле повредени 18 лица. Од нив... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство со превентивни мерки против ширење на грипот

Се забрануваат посети на хоспитализирани пациенти за да се спречи ширење на грипот во болнички услови и строго да се почитува куќниот ред во здравствените установи, особено во однос на користењето лична заштита - носење заштитни маски, дезинфекција на раце и одржување физичка дистанца, каде е возможно. Ова се превентивните мерки за спречување на ширење на грипот по препорака на Комисијата за заразни болести, а Министерството за здравство ги задолжува јавните здравствени установи да ги почитуиваат. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на седница ќе го разгледува предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски утре ќе биде разгледан на седница на Влада, по што ќе се достави до Советот на јавни обвинители. „Ќе се разгледа мислењето доставено од Министерството за правда, по што согласно законските обврски, тоа ќе се достави до Советот на јавни обвинители. Како влада ќе продолжиме да преземаме активности кои се во насока на подобрување на функционирањето на правосудниот систем. Довербата на граѓаните е сериозно нарушена и затоа сме силно... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Видео надзор не само на булеварите, туку и на игралиштата, бара Герасимовски

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека на вчерашната заедничка обиколка со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски се отворила темата за поставување камери во општините за да се намали уништувањето на спортските и детските игралишта. „Со министерот разговаравме да се разгледа можноста преку Безбеден град, покрај поставување камери на булеварите, да се постават камери на детски и спортски игралишта. За ова, дополнително... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Администрацијата на Трамп започнува со отпуштање на персоналот за контрола на летање неколку недели по несреќата

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп почна да отпушта неколку стотици вработени во Федералната управа за авијација (ФАА), само неколку недели по фаталната несреќа на 29 јануари на националниот аеродром Роналд Реган во Вашингтон. Работниците на пробна работа беа известени преку е-пошта дека се отпуштени, изјави Дејвид Сперо, претседател на синдикатот на професионални специјалисти за безбедност на воздухопловството, пренесува Асошиетед прес. Вработените погодени од оваа одлука... Читать дальше...