Пробацијата може да ги растовари затворите, но прво треба да заживее
Судиите треба да се охрабрат да изрекуваат повеќе алтернативни мерки наместо сите осуденици да ги праќаат в затвор, сметаат невладините и дел од судиите. Со општокорисна работа, со куќен затвор или други мерки може да се намали пренатрупаноста во затворите. Има закон од пред деценија но ретко се применува. Во моментов, активни се 604 пробациски предмети