World News

Обвинет за шпионажа за Русија, разговарал за убиство на истражувачки новинар, тврдат британски обвинители

Бугаринот Орлин Русев обвинет за шпионирање за Русија во Велика Британија, во разговор воден преку СМС-пораки, зборувал за можноста за киднапирање или убиство на истражувачки новинар Христо Грозев, соопштија британските обвинители за време на судењето на членовите на наводниот шпионски синџир.



Британската обвинителка Алисон Морган истакна дека група Бугари, обвинети за шпионирање за Русија, го следеле Грозев, размениле пораки со наводниот шеф на мрежата, австрискиот државјанин Јан Марсалек, во кои разговарале за киднапирање или убиство на Грозев.



Грозев работел за истражниот медиум Белингкет. Тој ја водеше истрагата на медиумската мрежа за труењето на рускиот двоен агент Сергеј Скрипал во 2018 година во Солсбери, Англија.






Русев и уште еден бугарски државјанин, Бисер Џамбазов, се изјаснија за виновни по  обвиненијата за шпионажа, додека на тројца други, Катрин Иванова, Вања Габерова и Тихомир Иванчев, во моментов им се суди во Кривичен суд во Лондон поради тоа што биле дел од таканречен шпионски синџир.






Тројцата обвинети го негираа обвинението за заговор за шпионирање помеѓу август 2020 и февруари 2023 година. Според обвинението, Русев ги водел обвинетите Бугари по упатства на австрискиот држајанин Марсалек. 


Марсалек, за кој се вели дека има врски со руските разузнавачи кои датираат од најмалку 2014 година, сега се верува дека е во Русија.

Читайте на 123ru.net