World News

МВР апелира граѓаните навреме да ги заменат возачките дозволи

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги потсетува граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име, согласно со промената на законот за безбедност во сообраќајот, е заклучно со 31 декември 2024 година.


„Министерството ги повикува сите граѓани кои се уште имаат возачка дозвола со старото уставно име, да ја обноват својата возачка дозвола, до истекот на рокот, со цел да не се создаваат непотребни гужви“, велат од МВР.


Од МВР додаваат дека сите капацитети на министерството и шалтерите на управните служби функционираат во полн капацитет и можат да ги услужат граѓаните да ги заменат своите возачки дозволи во редовниот рок до 31 декември, без никакво доцнење и гужви.




Од мај 2023 година имаше наплив на барања за закажувања на термини во Министерството за внатрешни работи (МВР), кои се добиваа месеци по закажувањето.


Ситуацијата настана бидејќи на 12 февруари 2024 година истече периодот од пет години според одредбата од Преспанскиот договор потпишан во 2018 година, со која престануваа да важат патните исправи и документите за меѓународна употреба што го содржат старото име на државата.

Читайте на 123ru.net