Асад побегнал во Москва, јавуваат руските државни медиуми
Сирискиот претседател Башар ал -Асад и неговото семејство пристигнаа во Москва во неделата, објавија руските државни медиуми, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз сирискиот главен град Дамаск ставајќи крај на бруталното полувековно владеење на семејството Асад.
Претходно, руското Министерство за надворешни работи објави дека Асад „одлучил да поднесе оставка“ по „преговорите“ со „многубројните учесници во вооружениот конфликт“ и ја напуштил функцијата „давајќи инструкции за мирен трансфер на власта“.
„Русија не учествуваше во тие преговори“, соопштија од министерството.
Русија е долгогодишен сојузник на Сирија, обезбедувајќи значителна воена и политичка поддршка на режимот на Асад, особено за време на сириската граѓанска војна што почна во 2011 година.
Соопштението на руското Министерство за надворешни работи дојде откако бунтовниците во изјава емитувана на државната телевизија рекоа дека Дамаск „сега е ослободен од Асад“, чие семејство управува со Сирија од 1971 година.
Лидерот на најголемата бунтовничка група во Сирија им забрани на своите борци да се приближуваат до државните институции, велејќи дека тие засега ќе останат под надзор на премиерот на земјата.
„Јавните институции ќе останат под надзор на премиерот додека официјално не се предадат“, рече Абу Мохамад ал Голани, водачот на бунтовничката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), во изјава објавена на социјалните мрежи на неговата група.
ХТС се смета за терористичка група од Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија, Канада и Европската Унија(ЕУ).
Коментарите на Ал Голани уследија откако сирискиот премиер Мохамад Гази ал Џалали рече дека ѝ подава рака на опозицијата, додавајќи дека сака да го гарантира функционирањето на државните институции.
„Ние веруваме дека Сирија е за сите Сиријци, дека е земја на сите нејзини синови и дека оваа земја може да биде нормална држава која гради добри односи со соседите и со светот без да влегува во какви било регионални сојузи и блокови“, рече Џалали, додавајќи дека се уште е дома во Дамаск и не побегнал.
Во Вашингтон, прес-службата на Белата куќа за РСЕ изјави дека претседателот на САД, Џо Бајден и неговиот тим „внимателно ги следат вонредните настани во Сирија и се во постојан контакт со регионалните партнери“.
Русија има повеќе воени локации во Сирија, вклучително и воздушна база во Хмејмим и стратешки поморски објекти во Тартус, кои исто така се користат за поддршка на акциите на Кремљ во Африка.
Изненадувачката офанзива почна на 27 ноември при што коалицијата на бунтовнички групи предводени од ХТС го зазеде северниот град Алепо, вториот по големина град во Сирија.
Оттогаш, тие продолжија да заземаат други големи градови, а силите на Асад пружаа мал отпор.
Обединетите нации на 6 декември соопштија дека речиси 300.000 луѓе во Сирија се раселени од крајот на ноември поради борбите и дека до 1,5 милиони би можеле да бидат принудени да избегаат додека бунтовниците напредуваат и му нанесуваат загуби на Асад, како и на неговите руски и ирански сојузници.
Асад се потпира на Иран и Русија за да остане на власт од избувнувањето на конфликтот во 2011 година.
Случувањата во Дамаск ги поттикнаа соседите на Сирија да преземат итни мерки, при што Либан објави дека ги затвора сите копнени гранични премини со Сирија, освен преминот што го поврзува Бејрут со Дамаск.
Јордан го затвори и граничниот премин со Сирија.