Нови зелени ветувања за градот што секојдневно се гуши
Скопје е повторно на врвот на листите за најзагадени градови, а властите најавуваат уште една мерка – споделување на електрични возила. Активистите од граѓанската организација „ГоГрин“ се скептични дека тоа ќе донесе значителни промени во борбата против аерозагадувањето.