По претседателот, јужнокорејската опозиција планира да го отповика и премиерот
Меѓу тековните политички превирања во Јужна Кореја, најголемата опозициска партија во земјата се обидува да започне постапка за отповикување на премиерот Хан Док-су, откако претседателот на земјата беше отповикан претходно овој месец, јавува агенцијата ДПА.
Претседателката на опозициската Демократска партија (ДП) Парк Чан Дае ги објави плановите за импичмент на премиерот за време на парламентарната седница денеска, објавија јужнокорејските медиуми. Откако ДП ќе поднесе барање за импичмент, парламентот ќе треба да гласа за тоа.
Опозицијата го обвинува Хан за одложување на законодавството што треба да помогне во расчистувањето на обвиненијата за корупција против отповиканиот претседател Јун Сук-јеол и неговата сопруга.
Јун беше отповикан од парламентот во средината на декември. Потоа, Хан привремено ги презеде службените должности додека Уставниот суд донесе конечна одлука за иднината на Јун. Уставниот суд може или да го потврди импичментот на Јун или да го прогласи за неуставен. Судот почетокот на рочиштето го закажа за в петок (27 декември).
Опозицијата го обвинува Јун за кршење на уставот. На почетокот на декември тој неочекувано прогласи вонредна состојба, за да ја укине неколку часа подоцна поради масовното противење. Јун ја бранеше својата одлука велејќи дека прогласил вонредна состојба за да ја заштити нацијата.
Тој ги нарече своите политички противници „државни непријатели“, тврдејќи дека ќе ги парализираат владините активности и ќе го нарушат уставниот поредок на земјата.