World News

Јавниот превоз ќе продолжи да биде бесплатен за студентите и пензионерите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска информира дека во вторник на 31 декември на владина седница ќе биде донесена одлука за продолжување на бесплатниот превоз за студентите во главниот град, со оглед на тоа дека  испитните сесии започнуваат во јануари.


„Средствата се обезбедени во рамките на Буџетот на Министерството за образование и наука за следната година и на редовната владина седница во вторник на 31 декември, ќе донесеме откако веќе се исконсултирав со министерката, ќе донесеме одлука. Да се потпише договор за да можат тие средства веднаш да бидат префрлени на Јавното сообраќајно претпријатие, бидејќи сесијата започнува во јануари, да може студентите беспрекорно да користат го јавниот превоз во градот Скопје“, изјави премиерот.  




Претходно, билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваа годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во Скопје.


Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска и до ЈСП „Скопје“, како што рече, „да се произнесат јавно дали се предвидени средства за бесплатен превоз на студентите во градот Скопје“.

Читайте на 123ru.net