World News

Директорот на ТикТок ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Извршниот директор на кинеската компанија Бајтденс (ByteDance) која е сопственик на социјалната платформа ТикТок. Шоу Чу потврди дека ќе присуствува на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Оваа потврда доаѓа по еден ден откако викендов неколку часа беше згаснаа неколку часа апликацијата на ТикТок за американскиот пазар непосредно пред федералната забрана да стапи на сила на 19 јануари. 


Компанијата објави дека „ТикТок се враќа во САД!“ преку известување до своите корисници. Таа го припиша своето враќање на новозибраниот американски претседател Доналд Трамп, кој на 19 јануари рече дека ќе издаде извршна наредба по неговата инаугурација на 20 јануари за одложување на спроведувањето на законот со кој се бара од БајДенс (ByteDance) да му го продаде ТикТок на сопственик кој не е од Кина или ќе се соочи со забрана.






Директорот на ТикТок наводно ќе седи во близина на другите истакнати технолошки лидери како Марк Закерберг и Илон Маск.



Додека иднината на социјалната платформа за американскиот пазар сè уште виси на конец, изјавите на Трамп и Чу што јавно се усогласува со администрацијата што доаѓа укажува на подобрена шанса за ТикТок.


Досега неколку гиганти изразија интерес за купување на платформата, но од кинеската компанија во јавност постојано тврдеа дека не планираат продажба.

Читайте на сайте