Честа смена на министри удира и врз реформите и врз интегритетот
По речиси 20 министри се смениле во некои ресори во македонските влади досега. Честите смени носат заморена и мрзелива администрација и ги намалуваат шансите за спроведување крупни реформи, сметаат дел од експертите. Сепак, континуитет може да има со професионализација на државните секретари и службеници во министерските кабинети, смета Неда Малеска-Сачмароска од Центарот за управување со промени.