World News in Macedonian

Во Русија создаден хеликоптер за борба со терористи

Холдингот „Хеликоптери на Русија“ (Вертолёты России) го презентираше модернизираниот воен транспортен хеликоптер Ми-171Ш-ВН, кој е наменет за вршење задачи за борбата против тероризмот.

МИ-8АМТШ-ВА - нова ѕвезда на арктичкото небо

„Ми-171Ш-ВН претставува најнова модификација на воениот транспортен хеликоптер Ми-8/17. Обновеното летало е подготвено за испорака на потенцијалните купувачи, неговото производство е во авијацискиот завод во Улан Уде“, се вели во соопштението на холдингот што го пренесува RT.

Генералниот директор на холдингот Андреј Богински изјави дека хеликоптерот е создаден врз основа на искуството од борбената примена на хеликоптерите, вклучително и во Сирија.

Новиот хеликоптер ќе биде претставен авиосаемот МАКС 2017.

Читайте на сайте