World News in Macedonian

Видео: Путин на МАКС-2017 ги честеше руските министри сладолед

Разгледувајќи ја изложбата, шефот на руската држава во придружба на многубројна делегација составени од членови на владата и раководствата на индустриски претпријатија дојде до штандот со сладолед. „Што нудите?“, ја праша Путин продавачката. Откако го дозна асортиманот, рускиот претседател се реши за сладолед.

Видеото го објави на својот профил на „Твитер“ дописникот на „Комсомолскаја правда“ Дмитриј Смирнов.

Традиция авиасалона: Владимир Путин купил на МАКСе мороженое pic.twitter.com/LCUr8KPHU7

— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) July 18, 2017

Путин плати со банкнота од илјада рубли, и додека продавачката го броеше кусурот, тој реши да ги почести функционерите кои го придружуваа. „Дајте им за кусурот“, рече Путин, покажувајќи со главата кон придружбата.

„Многу од нас сакаат“, забележа првиот човек на „Ростех“ Сергеј Чемезов. Тој од своја страна ѝ подаде на продавачката банкнота од пет илјади рубли. „Колкава ви е добивката годинава – 80 милијарди“, му се обрати шефот на руската држава. „Може да си дозволите да си купите сладолед“.

Путин традиционално купува сладолед на МАКС. Во септември 2016 година тој му подари кутија сладолед на претседателот на Кина Си Ѓинпин, пишува „Лента.ру“.

Читайте на сайте