Путин ги наведе трите главни вредности во животот
Путин го издвои „самиот живот, најголемата вредност“, како и љубовта и слободата, пренесува „Взгљад”.
Зборувајќи за слободата, Путин истакна дека таа завршува онаму каде што почнува нарушувањето на слободата на другите луѓе.
Како голема предност кога се работи за односите со луѓето Путин ја наведе способноста да се владее со емоциите. Тој рече дека покажувањето агресија е всушност покажување слабост.