World News in Macedonian

Во Омск ќе бидат донесени мошти на маченици кои загинале во советско време

На 27 јули во Омск ќе пристигне ковчег со моштите на 54 свети новомаченици и исповедници руски кои загинале за верата во текот на советските години, соопштува сајтот на Омската епархија на Руската православна црква (РПЦ).

Ковчегот пристигнува на барање на митрополитот Омски и Тавридски Владимир во рамките на програмата за црковни настани посветени на 100-годишнината од почетокот на ерата на прогонот на РПЦ.

20 часа во редица: колку долго чекаат Русите за да видат реликвија?

Во ковчегот се наоѓаат моштите на 15 епископи, вклучувајќи го и првиот патријарх на советска Русија Тихон, 17 презвитери и ѓакони, 16 калуѓери и шест верници. Списокот е објавен на веб-страницата на епархијата.

„За прв пат во Омската област пристигнува толку голем ковчег со толкав број на мошти“, изјавија од Омската и Тавридската епархија. „Тоа се останки на луѓе кои загинале за верата ширум Советскиот Сојуз“.

Во јануари митрополитот Санкт-Петербуршки и Ладошки Варсонофиј објави дека е во тек изработка на ковчег за моштите на сите руски новомаченици чии останки се откриени, пренесува Newsru.com.

Читайте на сайте