World News in Macedonian

Руски ученици освоија пет награди на саем на пронаоѓачи во Јапонија

Единственото сребро во руската екипа го освои ученикот во десетти клас од Саров Максим Бушуев. На саемот тој презентираше роботизиран микроавтомобил кој препознава сообраќајни знаци и ја регулира брзината на движење во зависност од добиените информации. Максим исто така смислил и „паметен“ семафор кој ја проценува брзината на автомобилот што се приближува и неговата оддалеченост до пешачки премин. Семафорот врз база на тие податоци решава дали автомобилот ќе успее на време да забави пред стоп-линијата за порано да го предупреди пешакот, прeнесуваат руските медиуми.

Русија првпат освои пет златни медали на Меѓународната олимпијада по физика

Бронза освоија Московјаните Дмитриј Затекин и Степан Лапшинов, и двајцата со роботи (за проучување на другите планети и за работа во претпријатија за преработка на радиоактивен отпад), претставничката на Перм Ирина Масленикова – нејзиниот преносен фиксатор на преломи на екстремитетите предизвика големо внимание кај стручњаците, и уште една учаеничка од Саров – Марија Јакушкина со уред за одредување на извор на звук.

На саемот имаше околу 200 учесници. Русија ја претставуваа 11 учесници со проекти од роботика, здравство, безбедност и екологија.

Читайте на сайте