World News in Macedonian

Рускиот тим победи на натпреварот „Безбедна маршрута“ на АрМИ-2017

„На прво место е екипата на Русија, второто го освоија војниците од Белорусија, бронзата отиде за Узбекистан“, истакнаа од Централниот воен округ, пренесува РИА „Новости“.

Тимовите на Ерменија, Белорусија, Русија и Узбекистан се натпреваруваа во пребарување, уништување на противтенковски мини и воспоставување на безбедни коридори за премин на оклопни возила. На патеката со пречки имаше поставено околу 6 илјади метри електричноексплозивни мрежи, повеќе од 250 симулациски, сигнални и експлозивно-запаливи средства со цел условите на воениот натпревар да бидат поблиски до борбените.

Натпреварот започна со конвенционалeн воздушeн напад на бомбардери Су-24 и еден пар воени транспортни хеликоптери Ми-8 на Централниот воен округ.

Армиските игри годинава се одржуваат од 29 јули до 12 август на 22 полигони во Русија, Белорусија, Азербејџан, Казахстан и Кина. Во нив учествуваат претставници на 28 земји.

Читайте на сайте