World News in Macedonian

Џиновски споменик на Калашников ќе се појави во Москва

Се очекува висината на споменикот, посветен на конструкторот на најпопуларното оружје во светот, да биде 7,5 м.

Автор на споменикот е Салават Шчербаков – креаторот на споменикот на кнезот Владимир – крстителот на Русија (поставен на крајот на 2016 година на Боровицкиот плоштад, до ѕидините на Кремљ).

„Тој (Калашников) го држи своето дело – автоматот – но чиниш не стрела во никого, дури не како борец, ами како Страдивариус, кој го создаде својот инструмент – виолината. Одзади е силуетата на земјината топка, (која го симболизира) световното значење на таквата појава како што е автоматот „Калашников“. А на земјата е во тек борба – како и сега – меѓу доброто и злото“, објаснува народниот уметник на Русија. 

Читайте на сайте