World News in Macedonian

Се појави видео од уништувањето на бистата на маршал Жуков во Одеса

На интернет се појави снимка на која се гледа како група екстремисти пирува уништувајќи го споменикот на советскиот маршал Георгиј Жуков во Одеса, Снимката е објавена на „Јутјуб“ каналот Сводки ополчения.

Група млади најпрвин ја соборува бистата од постаментот, а потоа на скулптурата околу вратот ѝ затегаат јаже и ја „бесат“. Вандалите потоа со смеење, со факели и со извикување поздрави на украинските помагачи на нацистите на западот на оваа земја во Втората светска војна „Слава ѝ на Украина. Слава им на хероите“ го фотографираат и на крај со чекан го кршат споменикот.

Непознатите лица ја уништија бистата на маршалот на Советскиот Сојуз во Одеса ноќта меѓу 23 и 24 август. Полицијата го одвезе скршениот споменик во службен аутомобил, пишува „Взгљад“, повикувајќи се на украински медиуми.

Агенцијата „Рамблер“ пишува дека во Одеса по тој повод е покрената кривична истрага за хулиганство, но и дека делови од споменикот се најдени во градот.

Спомениците од советско време се честа мета на вандалите во Украина.

Читайте на сайте