World News in Macedonian

Министерството за здравство на РФ ја соопшти оптималната цена на вотката

Министерството за здравство на Русија смета дека жестоките пијалаци треба да поскапуваат побрзо од инфлацијата, пишува „Взгљад“.

Нејзиното величество вотка: Историјата на најпознатиот руски пијалак

Според информациите на изданието, Министерството за здравство на Русија испратило предлог до Министерството з финансии на Русија за промена на ставката на акцизата за жестоките пијалаци не од 2020, туку од 2018 година. Доколку во моментов минималната цена во малопродажбата на шише вотка од половина литар изнесува 205 рубли (2,94 евра), ресорот смета дека оптималната цена треба да изнесува 300 рубли.

Во март од Министерството за финансии на Русија изјавија дека минималната малопродажна цена на вотката во износ од 219 рубли за шише од 0,5 литри е висока.

Во јануари 2017 година премиерот на Русија Дмитриј Медведев наложи да се подготват промени на акцизната ставка  за алкохол и алкохолни производи со цел намалување на побарувачката на алкохолни сурогати.

Читайте на сайте