Видео: Авион се подготвува да слета за време на торнадо
Видеото го сними еден турист. Во позадината се слушаат гласови на очевидци кои загрижено следат што се случува. Според нивните зборови, вкупно имало девет торнада над морето.
Како што се наведува, поради торнадата на аеродромот Адлер се одложени девет летови, од кои некои се пренасочени кон аеродромот во Краснодар.