World News in Macedonian

Падот на цените во Русија руши рекорди

Неделата од 22 до 28 август цените во Русија падна за 0,2 проценти, се вели во материјалите на „Росстат“. Ова е највисоко ниво на дефлација за последните 14 години.

Од почетокот на август цените паднаа за 0,4 отсто, од почетокот на годината - се зголемија за 1,9%.

По пет години Русија бележи дефлација

„Изминатава недела намалувањето на цените на овошјето и зеленчукот во просек изнесуваше три отсто, вклучувајќи го и компирот – 7,3%, белата зелка, кромидот, морковот и доматите - 4,7-6,8%. Истовремено краставиците поскапеа за 0,4 проценти“, се истакнува во материјалите на рускиот ресор за статистика. Цената на бензинот не се промени.

На 15 август истражувачкиот холдинг „Ромир“ соопшти дека официјалниот индекс на инфлацијата според „Росстат“ претставува не само статистички, колку и економско-политички индикатор и дека податоците на рускиот завод за статистика може да се сметаат за објективни со некои ограничувања.

Во август 2003 година дефлацијата во Русија изнесуваше 0,4 проценти, пренесува „Лента.ру“.

Читайте на сайте