Мајката на убиеното девојче Вања, сведочеше дека таткото кој сега е обвинет веднаш се сомневал дека ќерка им е киднапирана. Откуп не им бил побаран. Адвокатите негираат дека стан е мотив за убиството. Мајката рече дека татко и немал проблеми со првообвинетиот Палчо од чија фирма го купил станот.
Синдикатот смета дека повисока минимална плата е неопходна и поради зголемените трошоци за живот, но и поради растот на платите во регионот. Стравуваат дека земјава може пак да биде синоним за евтина работна сила. Работодавците, пак, велат дека ќе го покачат минималецот во март, но зголемување сега за 90-тина евра сметаат дека е неоправдано и може да донесе негативни последици.
Преживувањето во озлогласениот суров руски поправен систем не е само прашање на сила или памет. „Станува збор за храната“, велат поранешните затвореници за Current Time. Тие ја опишуваат секојдневна борба за преживување со полуготвени затворски оброци или нивно избегнување и за добивање поздрава храна која е од витално значење за нивниот опстанок во такви услови.