World News in Macedonian
Октябрь
2024

Новости за 16.10.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Три лица загинаа во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајка што се случила денеска (16 октомври) попладне на автопатот Скопје – Велес. Несреќата во полиција била пријавена во 17:45 часот, а до неа дошло кога комбе се превртело на автопатот пред тунелот кај Катланово. „До сега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител“, изјавија од Министерството за внатрешни работи (МВР) за државната агенција МИА. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) ... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Владата назначи нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Владата на денешната седница го разрешила досегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Зарко Милошевски и на негово место го назначила Бојан Христовски. Христовски на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи. Како кадар на ВМРО-ДПМНЕ, по локалните избори во октомври 2021 година, тој краток период беше директор на јавното скопско претпријатие „Градски паркинг“, но замина од позицијата во септември 2022 кога почнаа недоразбирањата и јавните препирки... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Израелски напад врз општинска зграда во јужен Либан, меѓу загинатите е и градоначалник

Најмалку 16 лица, меѓу кои и градоначалникот на јужниот либански град Набатија, загинаа денеска (16 октомври) во израелски напад во кој беше погодена општинската зграда, соопштија либанските власти. „Шеснаесет лица загинаа, а 52 лица се ранети според конечниот биланс од нападот на израелскиот непријател врз зградите на општина Набатија и заедницата на општини“, соопшти либанското Министерство за здравство. Претходно либанската државна новинска агенција (ННА) објави дека градоначалникот Ахмед... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 140 луѓе загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Нигерија

Повеќе од 140 луѓе загинаа, а десетици се повредени во северна Нигерија откако превртена цистерна експлодираше додека луѓе се обидувале да го соберат излеаното гориво, соопштија нигериските служби за итни случаи. Ова е најновата ваква несреќа во период кога бензинот стана скапоцена стока за време на најтешката економска криза во Нигерија во последните децении. Цистерната се преврте доцна во вторникот кога нејзиниот возач нагло свртел за да избегне судир со камион во градот Маџија, соопшти полицијата. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Руте: Состојбата на Западен Балкан е загрижувачка

НАТО смета дека ситуацијата во регионот на Западен Балкан е загрижувачка поради околностите во Босна и Херцеговина и во Косово, изјави денеска (16 октомври) генералниот секретар на Алијансата Марк Руте, предупредувајќи дека Русија ја охрабрува поделбата во овој регион. „Ситуацијата на Западен Балкан сè уште е загрижувачка поради сецесионистичките закани во Босна и Херцеговина, како и поради кревката безбедносна ситуација во Косово и малиот напредок во дијалогот меѓу Белград и Приштина“, изјави генералниот секретар на НАТО. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Вработени во МВР сведочеа за убиството на Вања и Панче

Со сослушување сведочи, денеска (16 октомври) во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Како сведоци на рочиштето се појавија вработени во МВР кои биле ден од истрагата и потрагата по двете жртви кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември, а чиј тела беа пронајдени на 3 декември 2023 година. Поранешниот началник од Велес, Ристо Самарџиев, во судница сведочеше дека телото на Жежовски... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Среде критиките, Италија ги испраќа првите мигранти во Албанија

Албанија ја прими првата група мигранти од Италија според договорот за сместување до 3.000 машки мигранти додека Рим брзо ги разгледува нивните барања за азил. Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, неодамна изрази интерес за идејата за „повратни центри“ надвор од ЕУ за мигрантите кои бараат азил. Групите за човекови права, вклучително и Амнести интернешенел, го критикуваа потегот.

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителство: 16 цариници осомничени за примање поткуп

Вкупно 16 лица, како вработени во Царинската управа, се осомничени за кривичното дело примање поткуп, додека уште две други лица ќе се гонат за злоупотреба на службената положба и овластувања, соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Станува збор за лица кои работеле во царинските испостави „Ново Село“ и „Дојран“, а кои Обвинителството ги сомничи дека од март 2023, па се до вчера, 15 октомври 2024 година, со умисла извршиле повеќе кривични дејствија... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Маск стана мегадонатор: Даде 75 милиони долари за кампањата на Трамп

Американскиот милијардер Илон Маск дал околу 75 милиони долари на својата организација (America PAC) која се бори за победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Организацијата се обидува да го зголеми одѕивот на гласачите кои ќе го поддржат Трамп на изборите во клучните сојузни држави, а во периодот од јули до септември потрошила околу 72 милиони долари, покажуваат податоците доставени до Федералната изборна комисија на САД. Тоа е повеќе од кој било друг донатор што сака да ги мотивира... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мицкоски: Постои една Академија на науките и уметностите

Премиерот Христијан Мицкоски порачува дека постои само една Академија на науките и уметностите и вели тоа е ставот на ВМРО-ДПМНЕ, Владата и на академици од различни етнички заедници. Со ваква изјава премиерот излезе откако вчера (15 октомври) од Тетово беше најавено дека четири општини, во кои локалната власт е во рацете на владиниот коалициски партнер Вреди, ќе финансираат работење на Здружението на граѓани – Албанска академија на науките и уметностите. Мицкоски не очекува ваквиот потег на Вреди да влијае негативно на владината коалиција. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Кривична пријава против три лица за пукањето во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка за кривично дело - Учество во тепачка од член 132 став 1 од Кривичниот законик против три лица. Тие се обвинети за оружениот инцидент кој се случи на 14 октомври на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Чаир, по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи. Од нив, за двајца надлежниот јавен обвинител поднел предлог за определување мерка притвор до Основниот кривичен суд Скопје, додека еден осомничен во моментов е во бегство и е недостапен на органите на прогонот. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Филков тврди дека документот од Оценската мисија на ЕК е земен од Лога

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција информираше дека документот со препораките од Оценската мисија на Европската комисија бил земен од претходниот министер за правда, Кренар Лога. Нагласи дека за ова во тек е постапка и дека ќе се бара одговорност. „Судскиот совет и Јавното обвинителство мора да бидат ослободени од каква било форма на политичко мешање, функционирајќи единствено во служба на правдата. Овие тела ќе бидат реформирани за да работат со најголем интегритет... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Централен регистар им ја отежни работата на новинарите

Централниот регистар го запре бесплатниот пристап за новинарите до нивните податоци кои се од јавен карактер. Ова беше овозможено со одлука на претходната влада и важеше и за Регистарот и за Агенцијата за катастар. Владата вели услугата ќе биде достапна повторно откако ќе влезе во закон.

SlobodnaEvropa.mk 

Нема да има уште еден час евтина струја

Анализата на потрошувачката на струја од 2021 година до септември 2024 година покажува дека до крајот на 2023 година немало услови за враќање на евтината тарифа. Во првите девет месеци од оваа година, пак, анализата покажала дека најниски биле цените за еден час за струјата во периодот од 12 до 16 часот во текот на денот. Сепак претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, вели дека не се исполнети условите за дополнителен еден или два часа евтина струја во текот на денот. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче

Во Кривичниот суд денеска (16 октомври) продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. На денешното рочиште прв сведочеше Музафер Каришиќ, помошник началник на СВР Скопје. Тој е предложен како сведок од обвинителството. Каришиќ бил првиот што контактирал со родителите на девојчето, кога се јавиле индиции дека Вања е киднапирана. „Првата средба со родителите на Вања беше на денот на пријавување во вечерните часови. Тогаш ние директно се вклучивме во работата, отидовме да видиме што е сработено и што да се преземе. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанскиот брод со мигранти пристигна во албанското пристаниште Шенѓин

Италијански брод со 16 мигранти денеска (16 октомври) пристигна во албанското пристаниште Шенѓин. Ова е прва група мигранти што албанските власти се согласиле да ја прифатат. На бродот „Либра“, кој тргна од италијанското пристаниште Лампедуза, се вели дека превезувал десет мигранти од Бангладеш и шест од Египет, кои биле спасени на море откако ја напуштиле Либија. Овој договор - постигнат меѓу Тирана и Рим во ноември минатата година, а кој беше негативно критикуван од организациите за човекови права... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди источна Турција

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Во извештајот се наведува дека земјотресот се случил во 10 часот и 46 минути по локално време, на длабочина од девет километри. Земјотресот е измерен на 40 километри источно од градот Малтај, кој има повеќе од 440 000 жители, и 27 километри јужно од Баскил, каде живеат околу 16 000 луѓе. За потсетување, Турција и Сирија беа погодени од разорен земјотрес на 6 февруари минатата година. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Охридското езеро мора да се исчисти од фекалии или го губи статусот на УНЕСКО

Охридското Езеро се загадува од отпадни води од бројни нелегално изградени објекти, колекторскиот систем не издржува при обилни дождови, а дополнително загадување носат и реките. Поради тоа езерото забрзано ги губи популациите на риби, полжави и други ендемски видови стари милиони години.

SlobodnaEvropa.mk 

По неколкудневна пауза Израел повторно го нападна Бејрут

За прв пат по неколку дена Израел го нападна главниот град на Либан, Бејрут. Арапскиот портпарол на израелската војска ги предупреди цивилите во областа Дахија - за која се верува дека е упориште на Хезболах - дека воздушните сили ја гаѓаат зградата. Тоа е прв напад во близина на главниот град од двата напади во кои загинаа 22 лица во густо населена населба минатиот четврток. Сведоците слушнале експлозија и виделе облак чад во средата наутро (16 октомври), бидејќи израелската војска соопшти дека целта била објект за оружје. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Судски совет ќе разгледува барања за исклучување на јавноста во постапки за одговорност на судии

Судскиот совет на Република Северна Македонија треба да одржи седница на чиј дневен ред се повеќе точки помеѓу кои барања за исклучување на јавноста во постапки по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, утврдување на престанок на судиска функција поради пензија, избор на судии поротници на Основен Кривичен суд Скопје и формирање на Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на Основен суд Кавадарци. На дневен ред на  502. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Во армијата на Северна Кореја се пријавиле 1,4 милиони доброволци

Северна Кореја соопшти дека околу 1,4 милиони млади луѓе се пријавиле да се приклучат или да се вратат во војската оваа недела, обвинувајќи ја Јужна Кореја за провокативен напад со беспилотно летало што „ја доведе тензијата до работ на војна“. „Младите, вклучително и студенти и претставници на младински организации кои потпишаа петиции за приклучување во армијата, се решени да се борат во светата војна за да го уништат непријателот со оружјето на револуцијата“, се наведува во соопштението на КЦНА. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Хезболах тврди дека соборил два израелски дрона

Либанскиот Хезболах, кој веќе три недели е во отворена војна со Израел, соопшти дека соборил уште еден „израелски дрон од типот Хермес 450“. Хезболах, која САД ја сметаат за терористичка група, иако ЕУ го стави само на црната листа военото крило, а не и на политичката партија, контролира голем дел од јужен Либан. Според оваа проиранска милитантна организација, тој дрон бил виден „во пламен“ на израелската страна на границата. Хезболах сега споменува „непосредни судири“ со израелските војници... Читать дальше...