World News in Macedonian
Октябрь
2024

Новости за 19.10.2024

SlobodnaEvropa.mk 

Скопската Зоолошка градина ќе остане затворена 21 ден, АХВ потврди птичји грип

Потврден е случај на присуство на виосокопатоген сој на вирусот на птичји грип H5N1 во Зоолошката градина во Скопје(ЗОО), соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство доцна попладне на 19 октомври, откако претходно од ЗОО извести дека инспектори на АХВ без налог, решение или каков било друг доказ упаднале во Зоолошката и убиле неколку десетици птици.  Зоолошката градина 21 ден ќе биде затворена за посетители, потврдија од Агенцијата за храна и ветеринарство. ​ Резултатот за присуство на птичји... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Волонтери го чистат Јабланичкото езеро по поплавите во БиХ

Околу 60 волонтери почнаа да го чистат ѓубрето од брегот на езерото Јабланица на југот на Босна и Херцеговина(БиХ). Акцијата ја организираа еколошки активисти и локални туристички заедници по пороите и свлечиштата на почетокот на месецот, кои го преплавија езерото со отпад. За следниот викенд е планирано чистење на Грабовичко езеро.  Во поплавите и свлечиштата што на 4 октомври го зафатија овој дел на Босна и Херцеговина, загинаа 19 лица.  Надлежните во Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Мигранти се враќаат од Албанија во Италија по одлука на судот во Рим

Брод на италијанската крајбрежна стража ги врати во Италија првите 12 мигранти од новоотворените имиграциски центри во Албанија на 19 октомври. Потегот следува откако откако судот во Рим ден претходно пресуди ги отфрли наредбите за задржување на група мигранти во прифатен центар во Албанија и рече дека тие имаат право да бидат испратени во Италија. Според судот, мигрантите морале да се вратат во Италија бидејќи нивните земји на потекло, Египет и Бангладеш, не можат да се сметаат за безбедни земји. Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Перински: Нема законска можност општините да финансираат Албанска академија на науките

Министерот за локална самоуправа Златко Перински, коментирајќи ги најавите на четирите општини Тетово, Гостивар, Желино и Чаир дека ќе го финансираат работењето на здружението Албанска академија на науките и уметностите, вели дека законска можност за такво нешто нема. Перински во интервју за МИА вели дека посоодветно е локалните самоуправи да работат на зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, а не да одвојуваат средства за нешто што нема да има функција во годините што следат. „Тоа... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Властите во Газа ги обвинуваат израелските сили за напад врз болница

Здравствените власти во Газа соопштија дека израелските сили ја опколиле и гранатирале индонезиската болница во северниот град Беит Лахиа, утрото на 19 октомври.  „Израелски тенкови целосно ја опколија болницата, ја исклучија електричната енергија и ја гранатираа болницата, таргетирајќи ги со артилерија вториот и третиот кат“, изјави директорот на установата, Марван Султан. Министерството за здравство на Газа соопшти дека Израел ги нападнал горните катови, додавајќи дека имало „повеќе од 40 пациенти и ранети покрај медицинскиот персонал“.

SlobodnaEvropa.mk 

Саакашвили: Ако владејачката партија победи на изборите, независна Грузија „ќе престане да постои“

Говорејќи за грузиската служба на РСЕ од затвор, поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили предупреди на страшни последици доколку владејачката партија Грузиски сон победи на парламентарните избори на 26 октомври.

SlobodnaEvropa.mk 

Цела Куба остана без струја

Куба остана во мрак во петокот, на 19 октомври, откако главната електрана на островот откажа, што предизвика колапс на електричната мрежа во земјата, соопшти Министерството за енергетика на Куба.  „Системот остана без струја во целата земја по неочекуваното исклучување на електраната Антонио Гитерас“, изјави Лазаро Гуера, генерален директор за електрична енергија во Министерството за енергетика и рудници, за државната телевизија.  „Кога електраната се затвори, системот пропадна“, рече тој,... Читать дальше...

SlobodnaEvropa.mk 

Временска прогноза - променливо облачно, услови за слаб дожд

Времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, соопштија од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а во Повардарието и повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13 целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 14 до 20 целзиусови степени. Во Скопје ќе променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 19 целзиусови степени. Читать дальше...