Комисијата за помилување си поднесе колективна оставка
Професорот на Правниот факултет и член на Комисијата за помилување, Гордан Калајџиев на својот Фејсбук профил објави дека комисијата си поднесува колективна оставка. Оваа комисија е дел од телата на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова која по предлог на Министерството за правда одлучува кој и какво помилување ќе добијат затворенците со правосилни пресуди. Претходно беше објавено дека Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, помилува десет осуденици по повод Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври. Читать дальше...