Зградите на ЕСМ заглавени во правни лавиринти
![Зградите на ЕСМ заглавени во правни лавиринти](https://gdb.rferl.org/01000000-0aff-0242-ce3e-08dc8479f742_w800_h450.jpg)
Државното претпријатие Електрани на Северна Македонија има две деловни згради кои се распаѓаат, иако за нив досега се потрошени речиси 20 милиони евра. Ниту можат да ги продадат, ниту да инвестираат во нив поради правни битки за стари пропусти. Првата зграда стара 62 години, девет години седи без фасада, а втората е нова, и седум години чека технички прием. Последната битка е за правото на сопственост, на чие име да се води, дали на државата или на државната компанија.