Јавниот превоз во Северна Македонија е меѓу најлошите во Европа
Северна Македонија е меѓу земјите со најлош јавен превоз во Европа, покажува извештајот на Европската Комисија што го објави „Еуроњуз“.
Извештајот на ниво на европските градови покажува дека само 47 отсто од жителите на Скопје се задоволни од јавниот превоз во градот. Северна Македонија е на шесто место во Европа, но броејќи од назад по задоволство на граѓаните од услугите од јавниот превоз.
Најмногу граѓани изразиле задоволство од јавниот превоз во европските метрополи Виена, Хелсинки, Осло, Прага и Луксембург.
Кога станува збор за чувството на сигурност во јавниот превоз, скопјани се трети на листата од назад. Зад Скопје, по ова прашање се само Тирана и Рим, каде жителите се изјасниле дека имаат најниско ниво на сигурност во превозот.
Како што покажува истражувањето, најголемо задоволство од јавниот превоз има во Австрија, односно 91 отсто.
Во нордиските престолнини пак, најдобар градски превоз има во Хелсинки, па следуваат Осло и Стокхолм кои се тесно следени од Копенхаген, со 81 отсто задоволство. Главниот град на Исланд, Рејкјавик, е исклучок со пониска стапка на задоволство од 56 отсто во овој регион.