World News in Macedonian

Вархеј:Првата исплата од Планот за раст до крајот на месецов

Првите исплати на средства во рамки на европскиот Планот за раст за земјите од Западниот Балкан, се очекува бидат реализирани уште во текот на овој месец, соопшти на 15 октомври еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј, откако Советот на Европската Унија минатата недела ги одобри реформските агенди на земјите кандидати за членство во ЕУ.



„Сега отчукува часовникот со цел земјите кандидатки да започнат со реализација на реформите за да можеме да напредуваме со понатамошната исплата на средства“, изјави Вархеји на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што земјата практично ги започна пристапните преговори по кластери.






Вархеји потсети дека Планот за Европската комисија за раст на Западниот Балкан има за цел да обезбеди дополнителни инвестиции во инфраструктурата, но и да им помогне на земјите од регионот да ги спроведат суштинските реформи кои се неопходни за да станат членки на Унијата. За таа цел во Планот за раст се предвидени шест милијарди евра во форма на грантови и заеми.


Но, за да функционира ова, според него, земјите кандидати мора да покажат резултати во спроведувањето на утврдените реформските агенди. Според него парите кои се во вредност од околу една третина од БДП на целиот регион, ЕУ ќе има инструменти за поддршка на земјите од регионот во приближувањето кон ЕУ и исполнувањето на стандардите за членство.

Читайте на 123ru.net