World News in Macedonian

Мигранти се враќаат од Албанија во Италија по одлука на судот во Рим

Брод на италијанската крајбрежна стража ги врати во Италија првите 12 мигранти од новоотворените имиграциски центри во Албанија на 19 октомври. Потегот следува откако откако судот во Рим ден претходно пресуди ги отфрли наредбите за задржување на група мигранти во прифатен центар во Албанија и рече дека тие имаат право да бидат испратени во Италија.


Според судот, мигрантите морале да се вратат во Италија бидејќи нивните земји на потекло, Египет и Бангладеш, не можат да се сметаат за безбедни земји.



Се очекува на 21 октомври да се одржи владина седница на која ќе се одлучува за одговорот на италијанската влада после одлуката на судот.  




Судската одлука претставува камен на сопнување за договорот меѓу Италија и Албанија што владата на италијанската премиерка Џорџија Мелони го поздрави како нов „модел“ за справување со илегалната миграција.



Во договорот се наведува дека додека престојуваат во прифатните центри, италијански судија ќе ги разгледа барањата за азил на мигрантите и ќе одлучи дали да ги одобри или да ги врати назад во нивните матични земји.



Зборувајќи со новинарите за време на патувањето во Либан, Мелони ја нарече одлуката „предрасуда“ и рече дека нејзината влада треба да утврди кои земји се безбедни, а кои не се, сугерирајќи дека ќе подготви нови правила за решавање на проблемот.


„Можеби владата треба подобро да разјасни што се подразбира под „безбедна земја“, рече Мелони. 



Министерот за внатрешни работи на Италија, Матео Пјантедоси, на прес-конференција рече дека е уверен оти одлуката ќе биде поништена, додавајќи дека владата ќе поднесе жалба до Врховниот суд доколку е потребно.




Центрите ќе ја чинат Италија 730 милиони долари за пет години. Со објектите управува Италија и тие се под нејзина јурисдикција, додека албанската стража е одговорна за  надворешно обезбедување.



Италија се согласи да ги прифати оние мигранти на кои им е одобрен азил, додека тие чии барања се одбиени се соочуваат со депортација директно од Албанија.


Албанија и Италија во ноември минатата година постигнаа договор за сместување на мигрантите. Договорот, кој беше критикуван од организациите за човекови права, предвидува Албанија да прифаќа до 36.000 мигранти годишно, а барањата за азил на овие мигранти ќе се разгледуваат во два центри во Албанија.

Читайте на 123ru.net