World News in Macedonian

Мицкоски спорните помилувања ги препиша на СДСМ, за нив тоа е комично

Случајот со помилувањата дадени по повод 23 Октомври, кој предизвика превирања во јавноста, е оставен од претходната Влада кој имал токму за цел да имплодира во овој период, смета премиерот Христијан Мицкоски. За едно од лицата кое беше повторно приведено, вели, дека треба да се остави на правосудните органи да си ја завршат работата.


„Тој случај е од минатото, од претходната Влада, снесен како кукавичко јајце, коешто треба да имплодира во овој период. Нема да одам чекор понатаму да коментирам и да прејудицирам судски одлуки. Јас сум човек легалист, верувам во презумпција на невиност, но она кое што го знам е дека истото лице вќе доби 30-дневен притвор. Оставам на правосудните органи понатаму да одлучат како да постапуваат за други случаи каде што постои основано сомнение за сторен криминал, вели Мицкоски.


Најголемо внимание во јавноста предизвика тоа што дел од помилуваните лица е член на наркокартелот „Барон“, а опозицискиот СДСМ реагираше дека помилувањето на вакво лице е најшокантно од целата листа.




Од Јавното обвинителство претходно соопштија дека полициски службеници на 24 октомври „непосредно по излегувањето од КПУ „Идризово“ - Скопје лишија од слобода лице на кое со Одлука на Претседателот на Република Северна Македонија извршувањето на изречената казна затвор му беше заменето со условна осуда, бидејќи за истото лице е поведена истрага за ново кривично дело“.


Одлуките за помилување на осуденици, претседателот на државата ја носи по препорака на Комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.


За опозициската СДСМ изјавата на Мицкоски е комична и во стилот „јас не сум од тука“. Сметаат дека се показател дека власта е фатена жива како помилува нарко-босови и не знае како да се „извади“ за огромниот скандал.

Читайте на 123ru.net