World News in Macedonian

Владејачката Социјалдемократска партија води на изборите во Романија

Романската владејачка Социјалдемократска партија на премиерот Марсело Чолаку води на парламентарните избори што се одржаа вчера со 23,9 отсто освоени гласови врз основа на околу 90 отсто од преброените гласачки ливчиња, соопшти Изборната комисија.


Екстремно десничарската опозициска Алијанса за обединување на Романците е на второ место со 17,9 отсто од гласовите.


Национал-либералната партија, која е партнер во владејачката коалиција, доби 14,6 отсто од гласовите, а опозициската Унија „Да ја спасиме Романија“ 11,1 отсто.


Конечните гласови се очекуваат подоцна на 2 декември, но распределбата на местата во двата дома на парламентот - Домот на пратеници и Сенатот - може да потрае подолго.


Партијата што ќе добие најмногу гласови најверојатно ќе го номинира премиерот.


Ако ниту една партија, како што се очекува, не постигне парламентарно мнозинство, ќе следат тешки преговори за формирање влада и би можеле да зависат од исходот од вториот круг од претседателските избори следната недела.




Аналитичарите сугерираат дека би можела да се формира слаба коалиција со левоориентираната ПСД и централнодесничарските сили на ПНЛ и УСР. Ваквиот развој на настаните ќе помогне да се осигураат романските прозападни политики против новите екстремно десничарски  партии и честопати пријателски настроените кон Русија.


Кандидатите на екстремната десница, кои настапија изненадувачки добро во првиот круг на претседателските избори, се очекуваше да постигнат предност и на  парламентарните избори.


Излезноста била 52,36 отсто, или околу 9,43 милиони гласачи, што, според официјалните лица, е највисока на парламентарните избори во последните 12 години.


Излезноста на гласачите на парламентарните избори во 2020 година беше околу 32 отсто. До раните вечерни часови не беа пријавени поголеми неправилности во изборниот процес.

Читайте на 123ru.net