World News in Macedonian

Се урна зграда во Каиро, најмалку осум луѓе загинаа

Најмалку осум лица загинаа, а три се повредени откако се урна станбена зграда во Каиро. Гувернерот на Каиро Ибрахим Сабер нареди евакуација на соседните куќи како мерка на претпазливост, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот.



Засега не е јасно што го предизвикало уривањето на шесткатницата, но властите соопштија дека е отворена истрага. Уривањата на згради често се случува во Египет, поради неквалитетна изградба и недостигот на одржување во сиромашни и рурални средини. 




Властите во Каиро во изминативе години започнаа со изградат нови населби за да ги преселат оние што живеат во ризичните области. Но, многу египетски градови сè уште има цели населби со дивоградби и станбени згради кои се изградени без да се следат градежни правила и прописи.

Читайте на 123ru.net