World News in Macedonian

Уставен суд ќе расправа за Законот за јазиците

Уставниот суд денеска треба да се произнесе за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците во однос на Указот за негово прогласување, на Законот во целина, како и одделно сите 25 членови на законот.


Во 2019, кога всушност стапи на сила, законот беше оспорен со 12 иницијативи пред Уставен. Уставните судии ги споија во еден предмет кој е на дневен ред наденешната седница.


Еден од аспектите што се оспорува своевремено предизвика реакции и од меѓународната заедница и од Венецијанската комисија, е примената на законот во правосудните постапки.




Венецијанската комисија во 2019 забележува и дека Законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот јазик, а кои, исто така, и за другите јазици на заедниците.


Опозиционата албанска партија ДУИ во пресрет на расправата започна со „стража за јазикот“ со деноноќно присуство пред Уставниот суд, со што велат, застануваат во „одбрана на Законот за јазици“.


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова им порача на партиските лидери да се воздржуваат од коментари воочи одлуката на Уставниот суд по однос Законот за јазиците, а премиерот Христијан Мицкоски со порака до граѓаните да не потпаѓаат на провокации од ДУИ.





 

Читайте на 123ru.net