Шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка поради маглата
Шест скијачи се изгубиле на Попова Шапка поради густата магла информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). По повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 вчера попладне биле најдени.
Според нивната информација, шест скијачи со скии-лифт се искачиле на повисоките делови од една од скијачката патека, но кога се обиделе да се спуштат надолу паднало многу густа магла.
Воедно се соочиле со нов снег што го отежнало движењето надолу по ски-патеката.
„Скијачите се јавиле за помош на 112. Од ЦУК веднаш биле известени СВР Тетово и раководителот на РЦУК Тетово. Во меѓувреме, лице вработено на ски-лифт пронашло пет (5) од изгубените лица, а подоцна во 16.15 часот го пронашло и шестото изгубено лице. Прво сите биле згрижени во полициската станица на Попова Шапка, информираат од ЦУК.
Сите скијачи потоа безбедно се вратиле во нивните домови.
Инаку токму со измерени - 1 степен, најстудено беше утрово на Попова Шапка, Крушево и Лазарополе.
Висината на снежната покривка во 07 часот била 47 сантиметри на Попова Шапка, 27 Маврови Анови и 7 сантиметри во Крушево.
Попладнето и во текот на вечерта на планините и на некои од повисоките места се очекува врнежи од снег.