World News in Macedonian

Тошковски: Уапсена терористичка група во Струга и Гостивар

Уапсени се четворица осомничени за терористичко организирање во Струга и Гостивар. Ова денеска го обелодени министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој рече дека полицијата постапувала по наредб на Обвинитеството за гонење организиран криминал и корупција.


Во полициска акција што утрово била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се луѓе за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.


Постапено е, истакна Тошковски, и по наредба на судија на претходна постапка и извршени се претреси на повеќе локации. Според него, постојат основани сомненија и МВР поднело кривична пријава.


„Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели, рече Тошковски.




Во текот на денов лицата кои се македонски државјани, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и ќе следат соодветни постапки.


„Кривичното дело за кое е поднесена пријава е терористичка организација, а во однос на мотивите имаме основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи, подвлече Тошковски. 


 

Читайте на 123ru.net